За брза и сигурна идентификација на било кој проблем за сервисот да може брзо да го реши проблемот, Iveco создаде нова дијагностичка платформа која го одржува развојот на производот. Името и е E.A.SY. (Electronic Advanced System – напреден електронски систем) а се работи за систем кој овозможува едноставна дијагноза на различни електронски управувачки единици на возила, користејќи комуникациски модул (ECI) и посебен компјутер.
НАПРЕДНА ДИЈАГНОСТИКА:
IVECO ГО НОСИ СЕРВИСОТ ВО ИДНИНАТА
Вашиот Iveco е единствен
Од сигурност до подобрување на удобноста на патувањето: Iveco нуди огромен избор на дополнителна опрема која покрива цела палета возила.
Главните одлики од нашите понуди на дополнителна опрема од Iveco Shop се: дизајн, иновација, перформанси, а нуди и потполно нови решенија со цел да ги задоволи практичните, естетските, стилските и аеродинамичните барање во исто време.
Палетата на Iveco Shop одговара на перформансите на возилата од сите страни: производи кои даваат елегантна посебност на кабината, го зголемуваат чувството на добредојденост, производи кои го нагласуваат надворешниот изглед и гарантира сигурно и удобно возење.
Палетата на дополнителна опрема од Iveco Shop го прави вашето возило единствено со високи стандарди за сигурност, практичност и удобност кои се постигнуваат со технолошките и дизајнерските истражувања на Iveco.
IVECO SHOP, КВАЛИТЕТОТ Е И ВО ДЕТАЛИТЕ
ОДБЕРЕТЕ ДОДАТНА ОПРЕМА ЗА ВАС И ЗА ВАШЕТО IVECO ВОЗИЛО