ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА
КАРГОМАКС со основна дејност за набавка, продажба и сервисирање на комерцијални и специјални товарни возила и продажба на масла и резервни делови, а земајќи ги предвид надворешните и внатрешните фактори кои влијаат на организацијата, се обврзува во целост да ја спроведува оваа Политика како рамка за воспоставување и преиспитување на целите за квалитет.
Наша суштинска стратегија и цел е задоволување на барањата и очекувањата на купувачите, креирајќи вредности и за другите заинтересираните страни, релевантни на КАРГОМАКС.
Преку продажба на комерцијални и специјални возила со врвен квалитет и пристапна цена и обезбедувајќи најдобри услуги во пост продажните активности, нудиме вистински решенија за своите клиенти и за нивните деловни активности.
Флексибилноста во додавање на надворешни модули и делови ја овозможуваме преку континуираната соработка со нашите добавувачи, во полето на набавка на комерцијални возила, а со нивна доработка од страна на надоградителите, функционалноста на возилата се прилагодува на потребите на нашите клиенти.
КАРГОМАКС е посветен на:
- Континуирано подобрување на ефикасноста на Системот за квалитет и животна средина во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015,
- Благовремено идентификување на ризиците и можностите и дефинирање на ефикасни мерки за елиминирање или минимизирање на несаканите ефекти,
- Обезбедување на потребните ресурси за постигнување на очекуваните резултати,
- Перманентно унапредување на знаењата и вештините на своите вработените преку соодветни образованија, обуки и вештини во рамките на нивните одговорности и овластувања,
- Усогласување со апликативните статутарните и регулаторни барања од заедницата и од добавувачите како нивен овластен дилер
- Ќе се придржува кон селектирање и рециклирање на отпадот и намалување на потрошувачката на енергија.
- Ќе врши постојана контрола на своите процеси заради обезбедување на ефикасност на мерките за заштита на животната средина.
- Се обврзува да ги исполни законски барања за заштита и управување со животна среидна и заштита на здравјето и безбедност при работа.
- Се обврзува за оптимално искористување на ресурсите и намалување на отпадот и негова селекција.
- Вложува напори за зачувување на здравјето и безбедност на вработените и другите заинстресирани страни во сите деловни активности.
Каргомакс ќе го реализира своето работење согласно своите финансиски планови и цели за да постигне лидерска позиција на пазарот со цел унапредување на бизнисот, како и исполнување на очекувањата на сопствениците.
Оваа Политика ќе биде редовно преиспитувана заради обезбедување соодветност, адекватност и ефективност, разбрана и достапна на вработените и другите релевантни заинтересирани страни.
директор Борче Ацовски