Историја на IVECO

IVECO има интернационална вокација уште од неговото раѓање.
Во 1975 година пет успешни компании сместени во три европски држави (Италија, Франција и Германија) решиле да ги здружат своите способности за да дадат живот на една нова фирма.

Преку аквизиции, здружувања и меѓународни заеднички потфати, IVECO доби едно од водечките места во светот на земјениот транспорт.

Iveco нуди производи спремни да одговорат на сите барања на професионалниот транспорт. Тој се рангира помеѓу најдобрите, а од 2007 година е целосно реорганизиран.

Iveco отсекогаш бил лидер во иновацијата, каде што се работи за мотори (првата фирма која го вовела турбо дизелот во опсегот на дизел, првата која го вовела Common Rail моторот и првата која ги лансирала Euro 5 возилата), и каде што се работи за возила  (добивајќи ја титулата Камион на годината во 1992, 1993 и 2003, и Комбе на годината во 2000 год.