Фабриката на IVECO во Мадрид е прва од 64-те објекти на CNH Индустријата, лоцирани низ целиот свет, што го постигна највисокото ниво во совршеното производство.

Постигнувањето на Златното ниво во WCM бараше длабока трансформација на системите за производство, како и значителни подобрувања за делување на животната средина и безбедноста, во која беа вклучени сите производни погони од суштинско значење.

Фабриката во Мадрид произведува линија на тешки возила IVECO, која се состои од Новиот Stralis NP и XP и Trakker rangesза глобалните пазари.

Фабриката на IVECO во Мадрид, Шпанија, е прва фабрика на CNH индустриската група која што постигна Златно ниво во програмата на Светската класа производители (WCM) – еден од највисоките стандарди на глобалното производство на индустријата за интегрирано управување на производни постројки и процеси. Со ова достигнување, фабриката сега е со највисок ранг во поглед на производната совршеност меѓу 64 објекти на Групацијата во светот.

Pierre Lahutte, претседател на IVECO брендот, коментира: „Ние сме многу горди на фабриката во Мадрид и нејзиното златно ниво во WCM. Ова е огромен успех, кој е овозможен од страна на тимска работа, посветеност и одлучност на сите тука во фабриката. Ние направивме значајни инвестиции во објектот, како и преку одржливи напори на сите луѓе кои се вклучени во производството, добивме целосен успех на производните процеси. Резултатот е најдобри во класа за квалитет,за секое единечно возило кое излегува од фабриката.”

Tom Verbaeten, главен директор за производство на CNH Индустријата, изјави: “Почнавме со работа на ре-конструирање на сите процеси во нашата фабрика пред 10 години, и тоа беа немилосрдни напори за континуирано подобрување. Денес фабриката е во самиот врв на квалитет во производството. Постигнавме ниво најдобри во класа за квалитет, но тоа не е поентата на постигнувањето: тоа е почетокот на нашата следна ера на совршеност, и ќе работиме напорно во овој процес за постојано подобрување за да им понудиме на нашите клиенти најдобар квалитет во нивните IVECO камиони.“

Фабриката во Мадрид ги постигна најдобри резултати во својата историја во оваа ревизија на WCM, како резултат на подобрувањата што ги воведе во текот на годините, кои се преточени во континуирано зголемување на безбедноста, висок квалитет во процесите и производите, и на ниво на услуга од 100%. Покрај тоа, исклучителните подобрувања на фабриката во областа за заштита на животната средина, резултираа со намалување на емисијата на CO2 на 53% по произведено возило и за рециклирање на отпадот на 99%.

Поголемиот дел од овие подобрувања се реализираа благодарејќи на вклучувањето на вработените во фабриката, преку програма за предлози, во која фабриката во Мадрид е глобална референца во рамките на групата, со 28 предлози од страна на секој вработен секоја година.

Фабриката во Мадрид: од Шпанија до остатокот на светот

фабриката во Мадрид на IVECO домаќин на производствените линии и Центарот за истражување и развој за палетата на тешки возила на брендот: Новиот Stralis, двата во дизел верзија, Stralis XP, и во верзиите CNG и LNG, StralisNP, како и Trakker. Флексибилниот и комплексен процес на производство овозможува да произведат до 300.000 различни верзии на овие возила. 87% од ова производство е наменето за извоз, главно во европските пазари, но исто така и во Африка, Азија и Јужна Америка. Во фабриката се вработени повеќе од 2.500 луѓе, со најголем процент на вработени жени во шпанскиот автомобилски сектор: 21%. Минатата година ова место ја доби извонредната награда на Kaizen Институтот во системот на категорија континуирано подобрување.

Мадрид: историјата на фабриката

IVECO во Мадрид го отвори објектот во 1990 година, кога го презеде историскиот Шпански бренд на камионите Pegaso. Во 2016 година, објектот ја прослави 70-годишнината од Pegaso и оддаде почит на името кое беше движечка сила на индустријализацијата во Шпанија многу години со презентација на Limited Edition Stralis. Pegaso е роден во 1946 година како Empresa Nacional de Autocamiones (ENASA). Проектот за голем производствен погон во Мадрид започна веднаш и првата фаза на изградба е завршена во 1955 година. Вкупното производство на Pegaso – Мадрид, во периодот од 1946 до 1990, достигна 405.000 возила. Во 2008 година, под името IVECO Pegaso, производство ја достигна бројката од еден милион продадени возила.

IVECO и нејзината посветеност на Шпанија

Втората IVECO фабрика во Шпанија, која се наоѓа во Ваљадолид, исто така е меѓу најдобрите од 64 фабрики на CNH Индустријата во светот, само една точка подалеку од Златното ниво. Во 2012 година, IVECO одлучи да се концентрираат сите производствени активности на својот асортиман на тешки возила во Шпанија, што значи удвојување на производство во земјата. Оттогаш, таа има инвестирано 500 милиони евра во шпанската фабрика и има за цел да продолжи со зголемување на капацитет за производство и специјализација на двете фабрики во Мадрид и Ваљадолид