ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ на КАРГОМАКС

Политика за Квалитет

КАРГОМАКС со основна дејност за набавка, продажба и сервисирање на комерцијални и специјални товарни возила и продажба на масла и резервни делови, а земајќи ги предвид надворешните и внатрешните фактори кои влијаат на организацијата, се обврзува во целост да ја спроведува оваа Политика како рамка за воспоставување и преиспитување на целите за квалитет.

Наша суштинска стратегија и цел е задоволување на барањата и очекувањата на купувачите, креирајќи вредности и за другите заинтересираните страни, релевантни на КАРГОМАКС.

Преку продажба на комерцијални и специјални возила со врвен квалитет и пристапна цена и обезбедувајќи најдобри услуги во пост продажните активности, нудиме вистински решенија за своите клиенти и за нивните деловни активности.

Флексибилноста во додавање на надворешни модули и делови ја овозможуваме преку континуираната соработка со нашите добавувачи, во полето на набавка на комерцијални возила, а со нивна доработка од страна на надоградителите, функционалноста на возилата се прилагодува на потребите на нашите клиенти.

КАРГОМАКС е посветен на:

  • континуирано подобрување на ефикасноста на Системот за квалитет во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015,
  • благовремено идентификување на ризиците и можностите и дефинирање на ефикасни мерки за елиминирање или минимизирање на несаканите ефекти,
  • обезбедување на потребните ресурси за постигнување на очекуваните резултати,
  • перманентно унапредување на знаењата и вештините на своите вработените преку соодветни образованија, обуки и вештини во рамките на нивните одговорности и овластувања,
  • усогласување со апликативните статутарните и регулаторни барања од заедницата и од добавувачите како нивен овластен дилер

КАРГОМАКС ќе го реализира своето работење согласно своите финансиски планови и цели за да постигне лидерска позиција на пазарот со цел унапредување на бизнисот, како и исполнување на очекувањата на сопствениците.

Оваа Политика ќе биде редовно преиспитувана заради обезбедување соодветност, адекватност и ефективност, разбрана и достапна на вработените и другите релевантни заинтересирани страни.

 

Ревизија 3
01.11.2017